Медиасет.мк

Медиасет

Никол Кидман откри зошто ја прифатила улогата во Бетмен

Никол Кидман во новото интервју за „L’Officiel“ откри дека парите не и се најважни кога глуми во големи холивудски продукции, пишува Variety.

Со оглед на тоа што оскаровката често е пофалена за нејзината работа во драми, многу фанови се прашуваат зошто воопшто се согласува на блокбастери како Аквамен и Бетмен.

„Сите ме прашуваат „Зошто го правиш ова““, рече Кидман дека ја прашале кога се согласила да го глуми доктор Чејс Меридијан во Бетмен засекогаш.

Нејзиниот одговор беше:

„Затоа што можам да го бакнам Бетмен“. Она што луѓето не го разбираат е дека не се работи за пари, се надевам дека многу мејнстрим блокбастери во кои глумам се различни“, рече Никол.

Истите прашања ја дочекаа и кога ја прифати улогата на кралицата Атлана во Аквамен и неговото продолжение.

Актерката не ги читала стриповите на Аквамен, но затоа е голем обожавател на режисерот Џејмс Ван и неговите хорор филмови. Кога Ван и се јавил, била воодушевена бидејќи мислела дека ќе глуми во неговиот хорор филм, но потоа дознала дека се работи за филм за суперхерои.

„Навистина сакав да работам со него на хорор филм“, изјави Кидман.

Покрај филмовите, Никол Кидман во последните години почна да работи и на телевизиски серии.

На почеток
error: