Медиасет
Никола Кимовски е новиот директор на МНТ
Согласно решението од Министерството за култура на РСМ, од 10 јули 2024 г., а потпишано од страна на министерот за култура на РСМ, Зоран Љутков, за в.д директор на РСМ НУ Македонски народен театар е назначен Никола Кимовски.
Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на РСМ МНТ, која ја извршуваше од 2018 година.
Функцијата вршител на должност на Македонскиот народен театар ќе се изврши денеска.