Медиасет.мк

#ТРЕНД

Нина Бадриќ: Како мажот кој има пивски стомак е шармантен, а за жена тоа е недозволиво?

Нина Бадриќ гостуваше во емисијата „Friday Live“ на Невена Рендели Вејзовиќ и коментираше дека е естетски терор тоа што вишокот килограми кај жените се сметаат за маана, за разлика од мажите на кои не им се зема за зло тоа често.

Исто така таа зборуваше и за фотографијата на Адел која ослабе 45 килограми.

„Среќна сум поради нејзиното здравје , поради тоа што успеа да ја добие битката со килограмите, но ми пречи тоа што се гледа тежината во наѓата работа. Тоа е естетски терор на секоја пејачка, и веќе станува одвратно. Најпрво се коментира како таа изгледа, па како се облекува, а на крај што таа и дала на својата публика“, изјави Бадриќ.

„Тој терор стана напорен на секојдневно ниво. Мажот кој пет дена носи иста облека и има пивски стомак е ‘шармантен’, а за жена која по породувањето има вишок килограми, тоа е недозволиво. Се има зацртано една „инстаграм-слика“ реалност која потполно ги расипа естетските критериуми“, вели пејачката.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: