Ирската авио-компанија Рајанер соопштила денес дека ќе ја затвори својата деловна единица на солунскиот аеродром Македонија.Тие потврдиле дека за оваа одлука ги известиле своите вработени, пренесуваат грчките медиуми.Оваа одлука следува по спор околу зголемувањето на аеродромските такси што ги наметнал операторот Фрапорт Грција, пренесува порталот Катимерини.Иако таксите се утврдуваат на годишно ниво и се применуваат единствено за сите авио-компании, Рајанер настојувал како една од најголемите европски нискобуџетни авио-компании да ги одржи своите оперативни трошоци на најниско можно ниво.Грчките медиуми пренесуваат дека оваа авио-компанија поднела жалба до Грчката управа за цивилно воздухопловство откако пред неколку месеци била известена за планираното зголемување на таксите, но нејзиното барање било одбиено.Од тогаш се разгледува можноста за повлекување на Рајанер од Солун, каде што се наоѓаат три авиони на компанијата, а се вработени околу 200 луѓе, вклучувајќи пилоти и кабински персонал.
