Медиасет.мк

Медиасет

Нова измама на „Амазон“: Ако ви пристигне пакет што не сте го нарачале – бидете внимателни

На популарната интернет-платформа за купување „Амазон“ се појави нов вид измама, при која нечесни продавачи користат туѓи имиња и адреси за да отвораат лажни кориснички профили и да манипулираат со оценките на производите.Според информациите објавени во германскиот магазин „Феникс“, измамниците преку таквите профили нарачуваат сопствени производи и потоа испраќаат евтина стока – како маски за мобилни телефони или мали предмети за домаќинство – на вистински адреси на луѓе кои воопшто не направиле нарачка.По испораката, продавачите самите си оставаат рецензии со пет ѕвезди, кои се прикажуваат како „потврдени купувања“, со што вештачки го зголемуваат рејтингот на производите и ја подобруваат нивната видливост во пребарувањата.Сепак, најголемиот проблем не е самиот пакет, туку фактот дека измамниците располагаат со лични податоци на примателите. Таквите информации често потекнуваат од протекување на податоци, хакерски напади или нелегална продажба на податоци на таканаречениот „дарк веб“.Во одредени случаи постои и ризик од кражба на идентитет или злоупотреба на други лични информации.Доколку примите пакет што не сте го нарачале, од „Амазон“ советуваат најпрво да проверите дали можеби станува збор за подарок од познаник или член на семејството. Ако не е така, случајот треба да се пријави преку официјалните страници за поддршка на компанијата, а производот не е потребно да се враќа.

На почеток
error: