Откако кон огласите на погодените портали е насочена голема количина на бот сообраќај се активира Google заштита од измама, која го означува секој сообраќај кој личи на алатки кои нудат автоматски кликови. На тој начин се штитат огласувачите, бидејќи системот ги чува од плаќања на лажни кликови, а налозите на обележаните портали се блокирани сè додека не се реши проблемот. Овој систем е искористен како дел од најновата компјутерска закана, а на сопствениците на веб-страници им се заканува сообраќаен бот, во случај да не платат пет илјади долари во биткоини, а жртвите за заканата се известуваат преку меил.
Google се огласи по повод новата закана, и може да се слушне дека станува збор за многу ретка практика, и дека постојат елементи кои штитат токму од вакви напади.