Медиасет

Новак го прескокна турнирот во Пекинг, моментално е четврти во светот

Објавено на

Денеска започна турнирот во Пекинг, а се игра и во Токио, но Новак Ѓоковиќ нема да го гледаме оваа недела. Големиот на сите времиња реши да ги прескокне овие настани и да се појави директно на Мастерсот во Шангај. Ова може да влијае на неговиот пласман на АТП листата.

Во Пекинг ќе учествуваат Јаник Синер, Карлос Алкараз, Данил Медведев и Андреј Рубљев од светските Топ 10, додека за Токио се пријавени Хуберт Хуркач и Каспер Руд.

Речиси во секоја варијанта Новак останува на четвртата позиција на светската листа, но некој би можел да го потисне едно место назад.

Имено, доколку Медведев го освои турнирот во Пекинг, Ѓоковиќ од следниот понеделник ќе биде петтиот тенисер во светот и на тој начин би го пречекал Мастерсот во Шангај.

Доколку тоа не се случи, тој од четвртата позиција ќе дојде во град во кој нема играно пет години.

Што и да се случи во Пекинг, Синер, Александар Зверев и Алкараз ќе ги држат првата, втората и третата позиција, не нужно по тој редослед.

Синер има уште 450 поени за одбрана, а Алкараз 180 поени, додека Зверев и Новак го прескокнуваат овој турнир.

Трендинг

Exit mobile version