Медиасет.мк

#ТРЕНД

Новак Ѓоковиќ е против вакцинирање за заштита од коронавирус

Тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјави дека ќе се соочи со дилема ако АТП ги задолжи играчите да имаат вакцина пред да се вратат на терен.

– Лично, јас сум против вакцинирање и не би сакал некој да ме натера да се вакцинирам за да можам да патувам. Но, ако овој услов стане задолжителен, ќе треба да донесам одлука. Јас имам свои ставови за ова прашање, но дали ќе се променат се уште е рано да ми кажам. Хипотетички, ако сезоната продолжи во јули, август или септември, вакцинацијата најверојатно нема да биде меѓу барањата за учество на турнири, иако вакцината сè уште не е развиена, рече Ѓоковиќ во разговорот со други српски спортисти на Фејсбук.

Тој додаде дека тенисерите ќе мора први да патуваат кога сè ќе помине и дека тоа ќе биде предизвик број еден заради паниката што се шири толку многу месеци.

“Мислам дека ова ќе биде длабоко втиснато во потсвеста на една личност, така што луѓето ќе имаат страв да им се приближат на другите. Кога некој ќе кашла, се ќе ни поминува низ глава. Колку работи ќе се променат не знам, но главната пречка за некоја личност ќе биде патувањето. Се зборува за задолжителна вакцинација за 18 месеци … Дали има други решенија или ова е единствено? Има тука милион работи, но мислам дека ова многу ќе влијае на сите спортови”, рече Џоковиќ.

Поради глобалната пандемија на КОВИД-19, Вимблдон беше откажан за прв пат по Втората светска војна, додека Ролан Гарос беше преместен во крајот на септември и почетокот на октомври, иако традиционално се одржуваше во мај и јуни

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: