Медиасет
Нови детали за состојбата на Бора Ѓорѓевиќ
Легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ е примен во болница во Словенија поради лоша здравствена состојба.
Фронтменот на познатата група „Рибља чорба“ е хоспитализиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест, а сега за „Блиц“ проговори неговиот менаџер Бане Обрадиќ, кој изјави дека состојбата на пејачот не е променета.
„Истото и третиот ден. Интубирано. Во болница. Нема промени“, рече Бане, кој вчера го посети Бора со сопругата Дубравка.
Инаку, за локалните медиуми зборуваше и блискиот пријател на Бора, Гејл од групата Кербер, кој откри дека се слушнал со Бане Обрадовиќ, менаџерот на групата „Рибља чорба“.
“Разговарав со неговиот менаџер денес. Бора не е добро, воопшто не е добро. Не би ја отворал таа приказна премногу, не гледам како би можел да се опорави. Тој е голем борец.“, рече Гејл.