#ТРЕНД

Новиот албум на Били Ајлиш излегува на крајот на јули

Објавено на


Принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, ќе се појават на виртуелен настан, чија цел е да се соберат пари за вакцини против Ковид-19.

Двојката беше најавена како претседавач со кампањите на настанот за повторно обединување на светот, VAX LIVE: The Concert to Reunite the World. Организатор на манифестацијата е движењето за борба против сиромаштијата „Глобал ситизен“.

На концертот, чиј водител ќе биде поп-ѕвездата Селена Гомез, ќе се појави и американскиот претседател Џо Бајден.

„Сите ќе имаме корист, сите ќе бидеме побезбедни, кога сите, насекаде, ќе имаат еднаков пристап до вакцината“, рекоа Хари и Меган.

„Ние мора да продолжиме со правичната дистрибуција на вакцините и со тоа да ја вратиме вербата во нашата заедничка човечност. Мисијата не може да биде покритична или поважна“.

Голем број музички ѕвезди ќе настапат на глобалниот стриминг на 8 мај со цел да се соберат пари за вакцини против Ковид-19.

Настанот ќе води и кампања за фер и еднаков пристап до вакцините за сите.



Трендинг

Exit mobile version