Деновиве завршија активностите за изградба на новото детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“, во непосредна близина на баскет игралиштето.
На локацијата се поставени најсовремени реквизити за забава и извршено е соодветно поплочување. Исто така, поставена е специјална гумирана подлога за поголема безбедност.
Претходно, нови детски игралишта беа изградени на пешачката патека кон „Горица“ и во дворот на ООУ „Григор Прличев“. Средствата за изградба на трите игралишта се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
