Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Новогодишна музичка идила со Симон Трпчески и пријателите - концерт на 20 декември во арената „Борис Трајковски“

IMG_1584

На 20 декември, арената „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што музичката магија и празничната еуфорија ќе се спојат во една незаборавна вечер. Имено, Симон Трпчески, македонскиот пијанист, ценет во светски размери, се враќа повторно дома за да го сподели својот неверојатен талент со македонската публика.

Во организација на „Прагма продукција“, на 20 декември, маестро Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници со кои ќе приреди новогодишен концерт насловен како „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ - и ќе нè води низ светот на најубавите музички класици.

Ова нема да биде класичен концерт, туку ќе биде новогодишен спектакл, каде што за првпат, Симон Трпчески ќе свири и популарни новогодишни песни, како што тоа го прават и најголемите музички ѕвезди. Но, овојпат тој ќе оди чекор понатаму, па заедно со него, на сцената ќе му се придружат врвни пејачи кои дополнително ќе ја зајакнат атмосферата.

Од „Оревокршачка“, преку омилените арии и популарните дуети, па сѐ до валцерите и бисерите од класичната музика и виртуозни предизвици - сето ова е само дел од богатата и внимателно одбрана програма. Секој дел од програмата е вистински виртуозен предизвик, но Трпчески и неговите пријатели се подготвени да го исполнат со леснотија и страст, како што само тие знаат.

Зборувајќи за новата средба со македонската публика, Симон Трпчески вели дека секогаш кога настапува на сцените низ светот дава сѐ од себе, но потенцира дека емоцијата е посилна кога се свири дома. Вистинска реткост е да се слуша Симон во Скопје, бидејќи неговите концертни активности траат во текот на целата година и се одвиваат на сите континенти низ светот.

Тој редовно соработува со познати диригенти, а меѓу нив се издвојуваат имиња како Шарл Дитоа, Сер Лорин Мазел, Василиј Петренко, Владимир Ашкенази, Густав Дудамел итн. Настапува со најголемите странски оркестри, како Њујоршката филхармонија, Кралската филхармонија од Лондон, симфонискиот оркестар на Сан Франциско…Неговата способност да ги оживее и најкомплексните дела на класичната музика го издвојува како уметник од највисок ранг. Многу музички критичари го споредуваат со најдобрите пијанисти на денешницата, истакнувајќи дека Трпчески не само што ја поседува техниката, туку и длабока, уникатна музикалност што му овозможува да ги спои традицијата и современиот израз на извонреден начин.

Оваа новогодишна вечер е за сите – за оние кои го сакаат класичниот звук, но и за оние кои едноставно сакаат да уживаат во празничен концерт кој носи радост и инспирација. Во пријатната атмосфера на декемвриската ноќ, арената ќе биде вистинско уметничко прибежиште. Затоа, подгответе се за незаборавна вечер, споделете ја со своите најблиски и дозволете си да бидете дел од оваа ноќ, каде што Симон Трпчески и неговите пријатели ќе запишат уште една незаборавна страница во македонската музичка приказна.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-libraryk1nhuj12of562eYWAka

Жените добиваат исто право како мажите: Во германски град се дозволува капење без горен дел од костимот

пред 1 час
media-librarycbnh1d2epppp6dTR84A

Се враќа хит-криминалистичката серија „MobLand“: Почна снимањето на третата сезона

пред 6 часа
media-libraryustfk53ejij34pTEgo9 ВИДЕО

(Видео) Во овој град Сонцето нема да изгрее до 23 јануари 2027 година: Како изгледа животот во поларна ноќ?

пред 6 часа
media-librarydtqajrk79vud9rThc25

Шкода со рекорден резултат на Euro NCAP, Нисан Лиф доби само четири ѕвезди

пред 6 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања