#ФОКУС

ОЈО поднесе обвинение за уцена за лицето кое барало 1.500 евра за да не објави фотографии со компромитирачка содржина

Објавено на

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина. На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност.

Прочитај повеќе ОЈО поднесе обвинение за уцена за лицето кое барало 1.500 евра за да не објави фотографии со компромитирачка содржина at Скопје1.мк.

Трендинг

Exit mobile version