#ТРЕНД

Објавена листата на најпродавани телефони, доминираат двајца производители

Објавено на


Помина половина од 2022 година, а ова е обично време кога добиваме различни извештаи од компании за истражување на пазарот.

Еден извештај, кој се однесува на продажбата на паметни телефони во четвртиот месец од оваа година, сега е објавен од агенцијата Counterpoint Research. Кој телефон беше најпродаван тој месец? Кој доминира? Еве листа на Топ 10.

Две компании – Apple и Samsung – имаа целосна доминација кога станува збор за продажбата на телефони во текот на април оваа година. На листата на Топ 10, само еден телефон не е на Samsung или на Apple. Apple има 5 iPhone на листата, додека Samsung има 4 свои телефони.

Најпродаван телефон во четвртиот месец од оваа година е iPhone 13 со удел од 5,5%. На второ место се најде најскапиот модел од минатогодишната серија на iPhone 13 – iPhone 13 Pro Max, кој имаше удел од 3,4%. Трет беше iPhone 13 Pro со удел од 1,8%, додека на четврто место беше iPhone 12 од 2020 година со удел од 1,6%.

По серија од четири телефони на Apple, телефоните на јужнокорејската компанија Samsung се најдоа на петтото и шестото место. Петти беше Samsung Galaxy S22 Ultra 5G со удел од 1,5%, додека шести беше Samsung Galaxy A13 со удел од 1,4%.

Седмото место го зазеде iPhone SE 2022, трет од генерацијата на iPhone SE, со удел од 1,4%, додека на осмото е евтиниот Samsung Galaxy A03 Core со удел од исто така 1,4%. Деветтото место му припадна на главниот модел на Samsung од средниот сегмент за оваа година – телефонот Samsung Galaxy A53 5G, кој имаше удел од 1,3%.

Листата на Топ 10 ја затвора Redmi Note 11 LTE на Redmi, кој имаше пазарен удел од 1,3%.

Трендинг

Exit mobile version