Медиасет.мк

#ФАЦИ

Обвинителката Ленче Ристоска моли: Вратете ми ги хаските

Поранешната специјална јавна обвинителка, Ленче Ристоска на својот фејсбук профил објави дека двете кучиња кои ги чува во својот двор во Лешок се украдени.

“Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да е има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи.
Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има било каква информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат.
Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите.
Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство 8 години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години”, стои во објавата на фејсбук.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: