Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

од 1 јуни заштитните маски нема да бидат задолжителни на отворено, комисијата со предлози за низа олабавувања, еве кои се другите

Медиасет.мк
пред 5 години
venko-filipce-7

Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања:

👉 Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

👉 Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски

.👉 Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

👉 Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

👉 Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

👉 Полицискиот час останува на сила.

👉 Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани. Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките, напиша министерот Филипче во својата ФБ објава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 1 ден

media-librarya0es0l2d6rsdet70k9l

Грешки што многумина ги прават при реновирање на бањата

Трендови | пред 1 ден

media-library5cdruugr43ib6PQStpG

Киселкаста, но хранлива: Откријте ги придобивките од аронијата

Трендови | пред 1 ден

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања