Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Од утре полицискиот час почнува од 21:00 часот, отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот

Медиасет.мк
пред 5 години
policiski-cas-policaec-skopje-7

На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19.

Со овие измени и дополнувања од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 наредниот ден.

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Почнувајќи од 28 април сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот после што треба да бидат затворени за посетители.

Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува.

Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата кои се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и до сега.

Соодветно на овие исклучоци ќе се применуваат адаптираните Протоколот за отворање и работа на кафетериите, Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана и Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од КОВИД-19.

Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034

Трендови | пред 18 часа

media-library1ea7c0tmf62v35ATCh6

Најпознатата шпионка во историјата: Мата Хари и нејзиниот трагичен крај

Трендови | пред 1 ден

media-libraryrms82luqhn9m6Gx3yk6

Трагедија во национален парк во Кенија: 16 слонови угинаа од цијанид

Трендови | пред 1 ден

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген пред најголемото преструктурирање во историјата: Во план 100.000 откази

Трендови | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања