#ТРЕНД
Одбиена кандидатурата на Канје Вест за претседател на Америка
Судот во Охајо одлучи дека раперот Канје Вест не може да се вклучи во трката за претседател на Америка, иако веќе одржа неколку митинзи со избирачите. Со едногласна одлука во судот е одлучено дека државниот секретар Франк Лароуз постапил согласно законот кога ја одбил кандидатурата на Вест, а која раперот ја предал во 12 држави. Тој одбил скоро 15.000 потписи и други документи кои ги поднел раперот, а како причина за одбивањео ги навел неусогласените информации во документите за собирање потписи.
Канје претходно јавно политички го поддржуваше претседателот Доналд Трамп, но потоа, на 4 јули ја објави својата претседателска кандидатура. Според странските медиуми, во кампањата на Вест му помагал Џаред Кушнер, кој е зет на Трамп и негов советник. Се смета дека кандидатурата на раперот не била вистинска, туку само требала да пречи на кандидатурата на противникот на Доналд Трамп, Џо Бајден.
Канје сѐ уште не се огласи за одбивањето на кандидатурата.