Медиасет

Одлични вести за Реал: Белингем се опорави од повредата, познато е кога ќе игра

Објавено на

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем се опорави од повредата и ќе биде подготвен за натпреварот против Валенсија во сабота од 21 часот.

Англичанецот пропушти три натпревари поради повреда на скочниот зглоб, а како што потврди тренерот Карло Анчелоти, тој се опорави.

@Белингем не тренираше многу со соиграчите, но се што правеше поединечно го правеше добро. Тој е подготвен и ќе игра утре“, изјави Анчелоти.

Белингем е најдобар стрелец во шпанската Ла Лига со 16 голови и е најдобар играч на Реал оваа сезона. Има и три асистенции.

Следната недела, во среда, Реал Мадрид ќе го пречека Лајпциг во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Трендинг

Exit mobile version