#ОХРИД
Охрид донесе одлука за спроведување на уште една стратегиска оцена
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16и 99/18), Општина Охрид, на ден година, 18.08.2021 донесе
ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА
1. За планскиот документ Урбанистички план вон населено место Горица Исток- опфат 1, Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички план вон населено место Горица Север, Општина Охрид,
се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање, НП Галичица и Општина Охрид
3. За планскиот документ Урбанистички план вон населено место Горица Исток- опфат 1, Општина Охрид, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство и пејсаж).
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.