Медиасет.мк

#ОХРИД

Охрид прави планови за евентуални пожари, иако ги нема


„Иако во моментот е прогласена Кризна состојба поради големиот број активни пожари на целата територија на државата, за среќа состојбата во Охридскиот регион е стабилна. Денеска заедно со сите надлежни институции за превенција од пожари ги согледавме можностите за заедничко дејствување во насока на избегнување на пожари од поголеми размери. Направивме целосен преглед на расположливите човечки и материјално – технички ресурси при можен пожар и заклучивме дека мора плански, координирано и навремено да делуваме, со цел да нема поголеми штети“, напиша охридскиот градоначалник Константин Георгиески.

На почеток
error: