Медиасет
Јокиќ им порача на Американците колку Ѓоковиќ значи за Србија: „Тој е светла точка, како ѕвезда водилка“
Никола Јокиќ и Новак Ѓоковиќ конечно се сретнаа на натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс (124:114).
Новак по мечот упати низа пофалби за Јокиќ, а потоа возврати Јокиќ.
„Тој е светла точка, како ѕвезда водилка за повеќето луѓе во Србија. Го гледаат како победник. Многу, многу пати ја прослави нашата земја и веројатно ќе игра уште долго. Малку е веројатно дека ќе се појави некој кој ќе биде повеќе од 400 недели на врвот. Долги години ја држи Србија на врвот“, изјави Јокиќ.
Најдобриот тенисер и кошаркар на планетата уживаше во одлична вечер, по победата на Денвер во која Јокиќ постигна 35 поени.
Новак Ѓоковиќ од 6 март ќе настапи на Мастерсот во Индијан Велс и затоа моментално е во Америка на подготовки.