Медиасет
Ѓоковиќ го собори рекордот на Федерер
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше сам во историјата на најголемите турнири во спортот кога зачекори на теренот на „Род Лејвер Арена“ за натпреварот од второто коло на Австралија Опен.
Дуелот против Хаиме Фарија е негов вкупно 430-ти на Грен слем турнирите и сега никој не е пред него.
Пред пресметката со Португалецот беше израмнет со Роџер Федерер (429), но сега пред себе го остави и Швајцарецот.
Да потсетиме, Новак дебитираше на еден од четирите најголеми турнири во Мелбурн, а во меѓувреме на тоа место победи 10 пати.