Медиасет

Ѓоковиќ го собори вечниот рекорд

Објавено на

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, ја започна својата 417-та недела на врвот на АТП листата. Нему му делат само три дена од големиот јубилеј, откако во четврток и официјално ќе одбележи нереални осум години на таа функција.

Ѓоковиќ иако беше елиминиран во третото коло на Индијан Велс, доби 50 бода, бидејќи претходната година не настапи на Мастерсот во Америка.

Србинот има загарантиран престој на тронот уште три недели, а кога ќе осамне 8 април, Новак ќе наполни точно 36 години и 322 дена и ќе го собори рекордот на Роџер Федерер и ќе стане најстариот тенисер на прво место.

Зад Ѓоковиќ е Карлос Алкараз, кој ги одбрани сите бодови на Индијан Велс со освојувањето на турнирот, Јаник Синер доби нови 40 поени, Данил Медведев 50, а Александар Зверев 110.

Германецот на тој начин се врати на петтото место, додека Андреј Рубљев падна на шестата позиција.

Данецот Холгер Руне е на седмото место, Каспер Руд е на осмото место, додека во Топ 10 се и Хуберт Хуркач и Алекс де Минор.

Трендинг

Exit mobile version