Новак Ѓоковиќ одигра уште еден меч за аналите во осминафиналето на Ролан Гарос и победи по пресврт и пет одиграни сета.
Покрај големиот ривал, Ѓоковиќ мораше да го надмине и проблемот со повредата што го мачеше во поголемиот дел од натпреварот.
Во неколку наврати се чинеше дека Ѓоковиќ ќе мора да го предаде мечот, но на крајот тоа не се случи, а српскиот ас потоа на емотивна прес-конференција објасни зошто не го направи тоа.
„Веднаш по повредата разговарав со физиотерапевтот, имав медицински тајм-аут. Видов дека не помогна многу. Тој ја заврши најдобрата можна работа се разбира, само сфатив дека тоа не може да се реши, но дека може да се одржува на одреден начин. Алехандро, тоа го направи физиотерапевтот од АТП и јас сум му благодарен. Видов дека не можам да дадам 100 проценти, дека не можам да го сменам правецот, дека не можам да трчам кон неговите драп шутови и тој го виде тоа, играше така. Повеќето од тие потези штотуку ги гледав, не се мрднав. Знам дека не му е лесно да игра против некој кој не се движи добро два сета, а потоа почнува да се движи одлично. Секако разбирам дека тоа не е идеална ситуација за него. Тоа можам да го повторам уште еднаш“, изјави Новак.
Ѓоковиќ објасни зошто не го предаде мечот.
„Продолжив затоа што сакав да видам дали некој друг лек што го земам ќе ми помогне да спречам некои ограничувања и тоа се случи. По третиот сет ми дадоа повеќе лекови, тој ми рече дека е максимумот што може да ми го даде и тоа е доволно. Можев да одиграм најдобро на крајот од мечот“, изјави најдобриот играч на светот.