Новак Ѓоковиќ триумфално го започна настапот на турнирот во Женева, каде што настапува за прв пат во кариерата.
Ѓоковиќ во првиот меч го совлада Германецот Јаник Ханфман со 6:3, 6:3 и со тоа го освои четвртфиналето на турнирот во Швајцарија.
Освојувачот на 24 грен слем титули во Женева го прослави својот 37 роденден, а покрај победата доби и вистинска роденденска прослава и торта.
Публиката му пееше песна и го поздрави со овации, поради што српскиот тенисер беше особено трогнат.
За тоа им се заблагодари по натпреварот, а со објава на Инстаграм потврди дека му се допадна начинот на кој го прослави роденденот.
„Ова беше дефинитивно уникатна роденденска прослава. Добив многу љубов и завршив со победа. Љубов за мене, победи за тебе. Се гледаме повторно утре. Истата канцеларија, постар дечко“, напиша Ѓоковиќ.