Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше операција на коленото во Париз, пренесува Газета дело спорт.
Новак претходниот ден објави дека се повлекува од Ролан Гарос, откако го повреди менискусот во осминафиналето против Франсиско Серундоло.
Во понеделникот Ѓоковиќ го совлада Серундоло со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3, но по магнетна резонанца реши да се повлече од турнирот поради повреда.
Италијанските медиуми пренесуваат дека српскиот тенисер ќе биде надвор од терените три недели поради операција, поради што најверојатно ќе го пропушти Вимблдон.
Исто така, познато е дека Ѓоковиќ сака да се опорави пред Олимписките игри, кои започнуваат на 26 јули во Париз.