#ЖИВОТ
Џон Траволта се потсети на својот починат син
Познатиот актер Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон се потсетија на синот Џет, кој ќе го прославеше својот 28. роденден оваа недела.
Шеесет и шестгодишниот актер објави црно-бела фотографија со својот син.
„Среќен роденден! Те сакаме“, напиша актерот во објавата.
Џет почина во 2009 година на семејно патување кон Бахамите кога паднал во када и си ја удрил главата од работ. Траволта неодамна изјави во едно интервју дека смртта на синот е најлошото нешто што му се случило во неговиот живот.