Медиасет.мк

#ТРЕНД

Џон Ву првпат во жанрот суперхерои со Monkey Master на Стен Ли


Култниот режисер Џон Ву учествува во продукцијата на Monkey Master, адаптација на необјавениот стрип на покојната легенда на „Марвел“ Стен Ли.

Светските шоубиз медиуми објавија дека Џон Ву (Hard Boiled, Face Off) ќе продуцира нов филм за кинескиот суперхерој мајмун базиран на стрип на Ли,  таткото на најголемите суперхерои.

Пред неговата смрт во 2018 година, легендраниот автор на стрипови Стен Ли соработуваше со извршниот директор на Graphic India, Шарад Деварајан, за развој на нова серија стрипови. Стрипот остана необјавен, но благодарение на Ву, приказната сепак ќе заврши со адаптација во живо.

Monkey Master е инспириран од необјавениот стрип што го следи археологот од Њујорк, Ли Јонг, кој открива античко пророштво за кинеската легенда за кралот на мајмуните што го носи во Индија, каде открива скриена моќ што го трансформира во модерен суперхерој – Monkey Master .

Џон Ву многумина го сметаат за кум на модерниот акционен филм. Со микс на спектакуларни сценографии и сентименталност во филмовите , тој воведе техники кои се синоним за жанрот акција.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



На почеток
error: