Медиасет.мк

#ОХРИД

„Упатувам апел до граѓаните да бидат одговорни“, пишува Георгиевски по новите рестрикции

„Владата на Република Северна Македонија вчера донесе одлука за дополнителни рестриктивни и превентивни мерки со единствена цел – заштита на јавното здравје и заштита на сите граѓани.
➡️Од денес до 20-ти април 2021 воведена е забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Северна Македонија, од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
➡️Од денес до 20-ти април 2021 воведена е целосна забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање.
➡️Од денес до 20-ти април 2021, се забранува организирање, одржување и присуство, учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков вид.
➡️Од утре до 20-ти април 2021 се воведува целосна забрана за посетители/гости во сите угостителски објекти – кафетерии, ресторани, барови, клубови, како и во делот за исхрана во угостителски објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион или на бензински станици. Оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да вршат достава или да овозможат подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (штанд/пулт).
➡️Од утре до 20-ти април 2021 се воведува целосна забрана за посетители/гости во сите обложувалници. Работата на обложувалниците да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер/штанд/пулт), односно угостителскиот дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители.
📢Упатувам апел до граѓаните да бидат одговорни и максимално да ги почитуваат сите мерки за превенција од вирусот Ковид 19“, напиша Константин Георгиески – градоначалник на Општина Охрид.

Владата на Република Северна Македонија вчера донесе одлука за дополнителни рестриктивни и превентивни мерки со…

Posted by Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид on Tuesday, April 6, 2021

Трендинг

На почеток
error: