#ТРЕНД
Џони Деп по загубата на суд: Мојот живот и кариера нема да бидат дефинирани со ова
Џони Деп објави соопштение откако претходно оваа недела го изгуби судскиот спор за клевета против британскиот таблоид Сан, кој пишувал за негово злоставување на сопругата.
Судијата на Високиот суд во Лондон заклучил дека тој постојано ја напаѓал својата поранешна партнерка и ја навел на страв за сопствениот живот.
Холивудскиот актер на почетокот на обраќањето до јавноста им се заблагодари на сите што го поддржале, особено во последните неколку дена.
Потоа откри дека студиото „Ворнер Брос.“. го замолило да се повлече како Гринделвалд во претстојното продолжение на Fantastic Beasts, и тој се согласил на барањето.
Пресудата на британскиот суд ја нарече надреална и посочи дека нема да запре во неговата борба „да ја каже вистината“. Холивудскиот актер потврди дека ќе се жали на пресудата.
Додаде дека е решен да докаже дека обвинувањата против него се лажни. „Мојот живот и кариера нема да бидат дефинирани со ова“.