#ЏЕТ-СЕТ

Опра Винфри: Кога луѓето ќе ви покажат кои се, верувајте им

Објавено на

Опра Винфри не е само позната тв водителка, таа е пример за многу жени на планетата. Таа има свои цели и правила во кои верува неизмерно. Дел се од нејзината книга „Она во што сум сигурна“, во која ги пренесува и своите искуства, успеси и неуспеси, објаснувајќи колку е важно тоа што го носиме во нас и како тоа влијае на светот околу нас.

Ова се нејзините правила:

Ако сметате дека нешто не ви недостасува во животот или дека не го добивате тоа што го заслужувате, сетете се дека не постои пат како во Волшебникот од Оз. Вие го водите својот живот, а не тој вас.

Вие самите го креирате својот живот, не дозволувајте другите да го пишуваат тоа сценарио.

Што и да сте направиле во минатото, тоа нема моќ во сегашноста. Самите вие му давате важност.

Кога луѓето ќе ви покажат кои се, верувајте им.

Нервирањето е само губење време. Искористете ја енергијата за да направите нешто во врска со тоа што ви пречи.

Среќата која ја чувстувате е поврзана со љубовта која ја давате.

Неуспесите се предупредување за да тргнете во друга насока.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version