Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

Општина Охрид: Не е точно дека дека поранешениот концесионер на плажата "Куба Либре" не добил известување за отстранување на бесправните објекти

Медиасет.мк
пред 5 години
kuba-4

Општина Охрид најостро ги демантира тврдењата на адвокатите и менаџерскиот тим на фирмата поранешен концесионер на плажата "Куба Либре" дека не добиле известување за отстранување на бесправните објекти во кои обавуваат угостителска дејност, се вели во соопштението од Општина Охрид.

Во продолжение на истото се додава:

Решението за отстранување на објектите е издадено уште во 2017 година, а последното известување за отстранување на објектите од страна на Општина Охрид е доставено до фирмата пред десетина дена. Исто така, јавноста преку медиумите, неколку пати до сега беше информирана за целиот процес на отстранување на објектите од плажите и до сега неколку пати беше потенцирано дека ќе се пристапи кон отстранување на плажите во градската зона и дека нема да има никакава селективност во постапките.

Целосно манипулативна е изјавата од фирмата поранешен концесионер, дека бил изнајден начин за подмирување на закуп на земјиштето и дека имале платено кирија до 2021 година. Тоа е целосна лага! Општина Охрид потенцира дека станува збор за присилна наплата согласно закон и по основ на Судска пресуда по признание за стекнување без основ, со извршно решение.

Се работи за минимален износ на наплатени средства кој е значително помал во споредеба со износот кој би бил наплатен за реален закуп односно концесија на земјиштето.

Плажата"Куба Либре" работела без концесија и остварувала приходи на државно земјиште на штета на општината и државата. И покрај тоа што немале активен договор за концесија, непречено обавувале угостителска дејност, остварувале приходи и извршиле доградување и проширување на објектите со што узурпирале атрактивно земјиште од крајбрежјето и граделе платформи во езерото.

Наместо да даваат паушелни изјави со кои сакаат да ја извртат вистината во своја корист, треба конечно да разберат дека времето на незаконско работење на плажите истече и дека нивните бизнис интереси повеќе нема да бидат над законите и интересите на Охрид.

Општина Охрид останува посветена на почитување на законите и исполнување на препораките на УНЕСКО за зачувување на Светското природно и културно наследство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8aa6ce7pkn1raNRZm5F

На 60 години ја продала куќата, дала отказ и решила да патува низ светот: За три години посетила 15 земји

Патувања | пред 1 ден

media-librarykji0cv4e3l5n2E8et3t

Нов удар за патниците: „Рајанер“ се повлекува од уште еден аеродром

Патувања | пред 3 дена

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 3 дена

media-libraryaqke3m3734kn992XXZ7

Откријте ја Виена чекор по чекор: Новата кампања го менува начинот на кој се доживува градот

Патувања | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања