Connect with us

Hi, what are you looking for?

АКТУЕЛНО

Џорџ Клуни на 14 пријатели им дал по еден милион долари

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни во интервју за „Џи-кју“ призна дека на 14 негови пријатели им дал во кеш по еден милион долари. Ова се случило 2013 година, и иако сопругот на Синди Крафорд, бизнисменот Ренди Гербер одмна ја раскажа приказната, Џорџ до сега молчеше и не сакаше да открива детали.

„Во септември 2013 година ги поканив пријателите на вечера, непосредно пред премиерата на филмот ‘Гравитација’. Картите за премиерата беа распродадени во рекордно време, а јас имав договор според кој освен фиксната плата, требаше да земам и процентот на приходот од киноблагајните. Ист договор имаше и Сандра Булок, со која глумевме заедно. Во тоа време уште не се познавав со Амал, немав ни поблиско семејство со кое можам да делам сè, решив успехот да го прославам со нив“.

Тој на секој од луѓето што биле дојдени на вечерата им дал по еден милион долари.

„Си помислив, сѐ што имам се овие момци кои, сите во последниве 35 години, ми помогнале на еден или друг начин. Спиев на нивните каучи кога ми беше тешко, ми позајмија пари кога немав, ми помогнаа токму тогаш кога ми требаше помош во минатото. Па вака сакав да им се заблагодарам“, раскажал Клуни за „Џи-кју“.

Advertisement. Scroll to continue reading.

Следниот филм кајшто Клуни ќе се појави е драмата „Полноќно небо“, чија премиера е закажана за 23 декември годинава.

error: