Медиасет.мк

#ДОСИЕ

Осаменост е поштетна по здравјето од пушењето цигари

Секое второ домаќинство во германскиот главен град Берлин, има само по еден член. Поради тоа, во градот веќе постојат служби за помош на постари лица, кои вклучуваат телефон, професионално организирање забави и дружења и Фејсбук групи.

Истражувањата покажуваат дека луѓето сѐ помалку се дружат и социјализираат и тоа им влијае на здравјето. И, тоа не е само проблем на Германија, туку феномен присутен „од Јапонија до Америка“.

Поради тоа, демохристијаните од Берлин побараа да се воведе специјален комесар за осаменост.

– Некој мора сѐ тоа да го управува и за тоа е потребно работно место со цело работно време. Не е веќе доволно со тоа да се занимаваат само доброволци, истакна портпаролот на Демохристијанската унија, Мајк Пен.

Според официјални податоци, најмалку 300 лица годишно умираат во своите станови, при што никој не го забележува тоа со недели. Берлин поради тоа, меѓу другото, го доби и прекарот „престолнина на осаменоста”.

Велика Британија, инаку, од лани има министер за осаменост, кој беше поставен по податокот дека девет милиони Британци страдаат од чувство на осаменост.

Притоа, Марк Робинсон, одговорен за непрофитната организација „Ејџ УК“ нагласува дека осаменоста е поштетна за здравјето од пушењето 15 цигари дневно.

Осаменоста не е само одлика на повозрасното население. Во САД, на пример, најосамени се луѓето родени 90-тите години од минатиот век и на почетокот на овој столетие.

– Речиси половина од Американците, 46 отсто, изјавуваат дека понекогаш или постојано се чувствуваат осамено, се наведува во истражувањето на компанијата за здравствено осигурување „Сигна”.

Во Јапонија, со децении се активни кафулиња каде што осамените момци и девојки плаќаат девојка или момче заради разговор, прошетка или дружење и сѐ тоа барем накусо да изгледа реално. Во Кина, политиката на најмногу едно дете предизвика пораст на таканареченото „купување сопруга“ од соседните земји за осамените момчиња во земјата.

Според Американскиот национален институт за здравје, последици од осаменоста се: висок крвен притисок, срцеви болести, вишок килограми, ослабен имун систем, анксиозност, депресија, намалени умствени способности, Алцхајмерова болест, па дури и смрт.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: