Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Откриена подземна вода на Месечината

Медиасет.мк
пред 2 години

Според научниците, месечината на Сатурн Мимас крие вода под својата површина.

Се проценува дека под неговата ледена кора има цел океан од подземни води.

Астрономите дошле до нови податоци со помош на вселенското летало Касини на НАСА. Ова вселенско летало го потврди присуството на течна вода под слој мраз со дебелина од 20 до 30 километри, што го прави Мимас најмалата од петте месечини во нашиот Сончев систем со докази за подземна вода, покрај Енцеладус и Титан на Сатурн и Европа и Ганимед на Јупитер. Присуството на внатрешен океан укажува на моќен извор на топлина во Мимас што го претвори мразот во течна агрегатна состојба. Се проценува дека океанот се формирал неодамна, односно пред 5 до 15 милиони години.

Со оглед на тоа дека првите живи организми на земјата потекнуваат од исконските мориња, ова откритие ги наведе научниците да се посомневаат дека е можно создавање на живот на месечината Мимас.

За оние кои не знаат, Мимас е седмата по големина месечина на Сатурн, со дијаметар од околу 400 km. Како што нашата Месечина секогаш покажува на ист начин кон Земјата, така и Мимас секогаш го покажува истиот пат кон Сатурн, што покажува дека е плимно заклучен.

Она што е карактеристично за оваа месечина е кратерот Хершел, поради што наликува на Ѕвездата на смртта од филмот „Војна на ѕвездите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfs0j2258gt982KKKhMU

Крај за култните јапонски телефони на преклоп: старите мобилни мрежи се гасат

Технологија | пред 5 часа

haker-724x406

Кибернападите ќе бидат еден од најголемите ризици од вештачката интелигенција во 2027 година, предупредува Бил Гејтс

Технологија | пред 8 часа

media-library52nl369hif24a0jDsPz

Пристигнува MacBook со екран на допир: Apple подготвува големи новитети

Технологија | пред 23 часа

actor-george-clooney-and-lawyer-amal-clooney-enter-the-news-photo-1664279400

Џорџ Клуни првпат проговори за смртта на Пресли Гербер: „Една од најтешките работи што може да му се случат на едно семејство“

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања