#ФОКУС
Откриена причината зошто по земјотресите во Петриња се појавуваат дупки
Статичарите на Хрватскиот центар за земјотресно инженерство (ХЦПИ) во посета на областа Петриња, Глина и Сисак забележаа во последните денови на помалите места се повеќе отворени дупки – јами, кои се појавуваат во почвата каде што има многу вода и песок, објави hashtag.mk.
Неколку дупки се појавија под куќите, што не е безопасно затоа што почвата исчезнува под темелите, други во дворовите, некои на полињата… На еден тим статичари и архитекти сега им се придружија неколку геолози.