Медиасет

Откриена „тајната“ на Windows 95: Скриен трик што го забрзувал рестартирањето на системот

Објавено на

Речиси три децении откако Windows 95 го промени светот на компјутерите, излегоа на виделина нови детали за инженерските трикови што стоеле зад неговиот интерфејс. Еден од најинтересните, целосно скриен од обичните корисници, се однесувал на процесот на рестартирање на системот, кој во тоа време можел да трае со минути.Во ерата кога процесорите работеа со само неколку десетици мегахерци, секое враќање во BIOS и повторна проверка на меморијата значеше долго чекање.Познатиот инженер на Microsoft, Рејмонд Чен, потсети на функцијата за брзо рестартирање. Доколку корисникот го држел копчето Shift додека кликал на „Yes“ при рестартирање, Windows 95 правел нешто невообичаено – наместо целосно да го изгаси компјутерот, тој го ресетирал само софтверскиот слој и веднаш повторно го вчитувал оперативниот систем, прескокнувајќи ги хардверските проверки, односно т.н. „ладно“ стартување.Иако за корисниците ова изгледало како едноставна заштеда на време, зад сцената се одвивала вистинска техничка акробатика. Windows 95 морал да ги изгаси 32-битните и 16-битните делови од кернелот, да го врати процесорот во „реален режим“ и да се обиде да ја ослободи меморијата што ја користеле драјверите.Често се случувало некоја апликација да одбие да ја ослободи меморијата, поради што брзиот рестарт не успевал. Во таков случај, системот се „откажувал“ и продолжувал со класичното, побавно рестартирање.Ова откритие уште еднаш потсетува на неверојатните решенија што инженерите на Microsoft морале да ги применуваат за Windows 95 да биде компатибилен со стар хардвер и софтвер, додека истовремено воведувале модерни функционалности.

Трендинг

Exit mobile version