Медиасет
Откриено е во каква здравствена состојба е принцезата Ана по вчерашниот инцидент
Иако вчера британските медиуми ја пренесоа објавата на Бакингемската палата дека повредите на принцезата Ана се „благи и не загрижуваат“, кралскиот експерт сега тоа го демантираше. Имено, тој рече дека здобиените повреди „не се мала работа“.
Принцезата Ана (73), единствената сестра на кралот Чарлс Трети, е во болница откако вчера вечерта била удирена од коњ во главата и доживеала потрес на мозокот на нејзиниот имот во Геткомб парк во Глостершир.
Бакингемската палата веднаш по инцидентот соопшти дека помладата сестра на кралот Чарлс претрпела „лесни повреди“ и дека „се очекува целосно закрепнување“.
Но, кралскиот експерт Мајкл Кол предупреди дека таквата повреда на нејзина возраст „може да предизвика нешто посериозно“.
„Фактот што принцезата Ана беше задржана во болница преку ноќ покажува дека тоа не е ситна работа. Со потрес на мозокот, тоа може да биде само удар во главата и гледање ѕвезди неколку минути, но може да биде нешто посериозно, не сум слушнал дека е пуштена од болницата во Бристол и можеби станува збор за продолжен престој.“, изјави експертот за Метро.
“Таа е многу силна. Но, тоа не е мала работа. Тие не носат никого во болница за ништо. Фактот дека таа е таму укажува дека постои загриженост. Таа е веројатно на најдоброто место, но за нејзините години тоа е сериозна работа“, рече Мајкл.
Принцезата Ана моментално престојува во болницата Саутмед во Бристол, а нејзиниот сопруг Сер Тим Лоренс е цело време со неа.