Медиасет

Ова е најдобрата земја во светот според новата листа на US News

Објавено на

Швајцарија е прогласена за најдобра земја во светот според новата ранг-листа на US News, која ги оценува државите врз основа на повеќе критериуми поврзани со квалитетот на живот и развојот.Во анализата биле опфатени 100 земји кои морале да исполнат одредени услови, меѓу кои пласман меѓу првите 125 држави според Индексот на човечки развој и бруто-домашниот производ.Земјите биле оценувани во осум категории: здравство, граѓанска благосостојба, култура и туризам, економски развој, управување, инфраструктура, природна средина и можности.Швајцарија го освои првото место со вкупен резултат од 78,8. Најдобро била оценета во категоријата управување, каде добила максимални поени за политичка стабилност, отсуство на политичко насилство и стабилна инфлација.Второто место и припадна на Данска, а третото на Шведска. Во топ 5 се најдоа и Германија и Холандија.Топ 10 листата ја сочинуваат:ШвајцаријаДанскаШведскаГерманијаХоландијаНорвешкаВелика БританијаФинскаЛуксембургАвстријаЦелата листа можете да ја погледнете тука

Трендинг

Exit mobile version