Медиасет
Оваа грчка плажа изгледа како површина на Месечината, а морето е неверојатно тиркизно
Една од најнеобичните плажи во Грција се наоѓа на островот Милос, каде природата создала пејзаж што многумина го споредуваат со површината на Месечината. Станува збор за плажата Саракинико, која привлекува туристи од целиот свет со своите бели вулкански карпи и тиркизно море.Нејзиниот препознатлив изглед е резултат на илјадници години дејство на ветерот и морските бранови, кои ги обликувале сиво-белите вулкански формации во необични форми. Поради тоа, западниот дел од плажата наликува на лунарен пејзаж, додека источниот открива сосема поинаква глетка – сув и карпест предел со ретка вегетација.Саракинико е формирана од комбинација на вулкански ерупции и фосилни наслаги, а денес важи за една од најфотографираните и највпечатливи природни атракции во Грција.Посетителите особено ја препорачуваат во доцните попладневни часови, кога белите карпи добиваат златна нијанса, а залезот на сонцето создава спектакуларна глетка над Егејското Море. Поради својата единствена убавина, Саракинико е меѓу најпосакуваните дестинации за туристите кои бараат поинакво летно искуство, далеку од вообичаените плажи и големите туристички гужви.