#ТРЕНД
Овие sвезди се идиоти, луѓето што ги сретнале велат дека се каат
Некои од познатите личности се многу љубезни и не се однесуваат како да се нешто посебно, но затоа пак има и такви кои не се обидуваат ни најмалку да обрнат внимание на нивното однесување.
Некој ги праша корисниците на Редит, кои се најбезобразните славни личности на кои наишле, и ова се дел од одговорите.
1. Гвинет Палтроу
“Работев осум недели во кампот со нејзините деца. Бевме платени по пет долари на час. Нашите родители обично ни оставаа сто долари на крајот или дури и повеќе, а таа не остави ништо”.
2. Опра
“По ручекот од 200 долари, таа не остави бакшиш, наместо тоа ми се потпиша салфетка и се однесуваше како да ми прави услуга. Најлошо од се, кога дојде, го затворија делот од ресторанот за да не чека.
„Заработив четири долари на час за привилегијата да и служам на Опра, која се однесуваше како да ми дала не знам што со автограмот кој не го ни побарав“.
3. Џа Рул
Работев како чувар на сетот на шоуто на МТВ во кое Џа Рул и некои други луѓе беа во преуредената куќа за спасувачи, до која водеа многу тесни скали. Асистентот му донесе вода, но тоа беше „погрешната“ вода, и кога се сврте да се врати за „вистинската“ вода, Џа Рул го турна по скалите “.
4. Чеви Чејс
“Кога имав девет години, го сретнав Чеви Чејс во предворјето на хотелот. Бидејќи ги обожавав неговите филмови, го замолив за автограм. Почна да ми вика, а кога дојде татко ми, тој почна и нему да му вика. Тој лик е вистински кретен “.
5. Вилијам Шатнер
“Имав 10 години кога го запознав Вилијам Шантер на Хаваи. Го прашав за автограм, а тој ми рече ‘почекај и земи пенкало.’ Отидов до својата кола а тој веќе си замина.”
6. Ники Минаж
“Работев со Ники Минаж на снимање на видео спот. Ни рекоа дека не треба да ја гледаме в лице. Таа, исто така, секогаш бараше сите да ја напуштат собата за да може да влезе. Тоа беше целиот процес”.
7. Џејмс Белуши
“Кога бев дете, го чекав со пријателите Џејмс Белуши да излезе од снимање за да ни даде автограм. Тој буквално ни рече дека сме еден куп гомна, глупави деца и да се гониме”.
8. Хју Грант
„Запознав многу познати личности кога работев за авиокомпанија. Во една прилика тој седеше во прва класа, на самиот почеток на авионот, а стандардната процедура е главниот стјуард лично да го посети секој патник од прва класа и лично да му се претстави. Разговорот се одвиваше вака: „Здраво, г -дине Грант, моето име е …“но тој ме прекина: Ајде гони се!
9. Алек Болдвин
“Имав шест години кога ги запознав Алек и неговата сопруга додека ги шетаа кучињата. Сакав да ги галам кучињата, но тие брзо ги привлекоа кон себе и почнаа да ми викаат. Имав шест ебени години”.
10. Џин Симонс
“Мојот брат го запозна Џин зад сцената кога свирел . Џин го пофалил неговото свирење, а потоа му рекол ‘штета што никогаш нема да успееш’, се свртел и си заминал”.