Connect with us

#ЖИВОТ

Овошјето и зеленчукот корисни за мозокот кај тинејџерите

Ново научно истражување спроведено во Велика Британија покажува дека исхраната богата со свежо овошје и зеленчук може да биде корисна за менталниот развој, особено кај тинејџерите.

Трудот објавен во списанието „Би-Ем-Џеј“ покажува дека поголемиот внос на овошје и зеленчук е во голема мера поврзан со подобро психичко здравје кај средношколците. Натаму, испитувањата покажуваат дека хранливиот појадок и ручекот се поврзани со емоционалната благосостојба, без оглед на возраста.

Истражувачите, инаку, направиле анкети во над 50 училишта во Велика Британија. Речиси 11.000 ученици учествувале во анкетата, па податоците покажаа дека просечната оценка за здравјето е 46,6 од 70 за средношколците и 46 од 60 за учениците од основните училишта.

Точно 25 отсто од средношколците и 28,5 отсто од основците пријавиле дека ги јаделе препорачаните пет порции овошје и зеленчук дневно. Десет и девет отсто, соодветно, не јаделе овошје и зеленчук. Околу 21 отсто од средношколците и 12 отсто од основците внесувале само неенергетски пијалок или ништо за појадок, додека околу 11 отсто го прескокнувале ручекот.

Истражувањето покажа дека колку повеќе порции овошје и зеленчук дневно јадат учениците, толку е подобар нивниот резултат на скалата за ментално здравје.

„На фундаментално ниво, потребна е соодветна исхрана за да се обезбедат состојките за развој и функција на телото и кај децата и кај возрасните, вклучувајќи го растот и обновувањето на клетките, синтезата на ДНК-та, невротрансмитерите и метаболизмот на хормоните, што е особено критично за децата во однос на развојот на мозокот“, се вели во трудот.

Истражувачите сметаат дека ова нивно истражување може да ги поттикне одговорните да усвојат политики што ќе им помогнат на децата да добијат поголем пристап до хранлива и свежа храна во и вон училиштето.

#ЖИВОТ

Селска лисната домашна пита

Многу лесен начин да подготвите совршен појадок со чаша јогурт.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 250 мл млака вода, 8 г сув квасец или 30 г свеж, 50 мл масло, 2 јајца, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 550-600 г брашно.

За фил: 300 г сирење, 2-3 јајца (едноставно измешајте ги и посолете по вкус). И уште: 150 г путер или маст за премачкување. Посипете со сусам. Печете на 200°C (390°F) првите 15 минути додека да зарумени, потоа намалете на 180°C (360°F) и печете уште 30 минути

ПОСТАПКА: Квасецот активирајте го во млака вода, шеќер и две лажици брашно. Во подлабок сад за месење сипете половина од брашното и помешајте го со солта. Додајте го маслото, јајцата на собна температура и акривираниот квасец.

Мешајте додека да добиете мазно тесто без грутчиња, па започнете постепено да го додавате остатокот од брашното со рачно месење. Кога тестото ќе стане компактно истресете го врз набрашнета површина и продолжете со месење.

Треба да остане меко, па штом престане да се лепи за рака, престанете со додавање брашно. Замесеното тесто ставете го садот и покријте го со кеса или стреч фолија и оставете да ферментира 15-тина минути или колку што е потребно за да го удвои волуменот.

Истресете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 8 дела. Секој дел обликувајте го во топче, покријте ги со кеса за да не се сушат и оставете ги да одморат 5-10 минути за полесно да се развлекуваат.

Секое топче развлечете го со оклагија во тенка кора со големина на тепсијата (30 см). Кората ставете ја во тепсијата врз хартија за печење и премачкјате ја преку цела површина со растопен путер или маст.

Рамномерно распоредете една седмина од филот, па поклопете со друга кора. Постапката повторете ја додека да ги наредите сите кори. Последната кора малку подбутнете ја на краевите како да местите чаршав на кревет.

Нежно притиснете со дланката одозгора за да се сплесне питата (не премногу), па исечете ја на осмини. Одозгора премачкјате ја со едно разматено јајце и посипете ја со сусам или семе по ваша желба.

Ставете да се пече во добро загреана рерна на 200 степени првите 15 минути колку да зарумени, а потоа намалете на 180 степени и печете уште приближно половина час. Топлата погача одозгора можете да ја премачкате со малку растопен путер.

Оставете малку да се подизлади па извадете ја од тепсијата и послужете ја топла или ладна, секако е многу вкусна.

Continue Reading

#ЖИВОТ

Пита со сливи, вкусно летно уживање

Направете ја оваа вкусна пита со сливи и ќе имате одличен десерт за со кафе.

Continue Reading

#ЖИВОТ

Сицилијански рецепт за десерт стар пет века

Во лето освежува, а во зима се служи топло, забаионе или забаглионе загрева како прегратка. Според некои теории, забаионе е создаден во старите времиња на Сицилија, додека други тврдат дека пореално сценарио го вклучува монахот Сан Пасквал од Торино, кој во 16 век го пропишал опојниот крем како рецепт против замор кога жените се жалеле за безволни сопрузи.

Состојки:

– 3 жолчки

– 3 лажички шеќер

– вино по избор: марсала, мускат или порто

Подготовка:

Одделете ги жолчките и ставете ги во сад во кој можете да ги сварите на пареа. Зачувајте ги лушпите од јајцата бидејќи ќе ви бидат потребни за да ја измерите количината на вино за рецептот.

Во половината од скршената лушпа истурете го виното до половина и додадете го во жолчките. Додадете шеќер. Изматете ги состојките добро да се соединат и потоа ставете ги на пареа.

Загрејте ја жолчката постепено за да не загори. Нежно мешајте на пареа додека не добиете густ и мазен крем. Ќе ви требаат пет до 10 минути.

Доколку сакате да го послужите кремот ладен, садот со забајоне ставете го во поголем сад, наполнете го со мраз и ладна вода и мешајте додека не се излади. Украсете со овошје по желба.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: