#АМАЗОШТО
Панчо од ДНК бара број од Јанева: Снимаме спот со ДНК па ни треба стриптизета
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, вчера во Државниот завод за ревизија се соблекла во долна облека, по што доби прекршочна пријава.
Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК, на социјалните мрежи се пошегува на сметка на поранешната обвинителка. Тој на Твитер побара број од Катица Јанева бидејќи снимаат спот со ДНК, па им треба стриптизета.
„Да не има некој број од Катица Јанева? Снимаме спот со ДНК па ни треба стриптизета“, стои во објавата.
Да не има некој број од Катица Јанева? Снимаме спот со ДНК па ни треба стриптизета 🙄
— djshortypOFFICIAL (@djshortypmk) June 3, 2020