Медиасет
„Пелистерка“ започнува нова успешна приказна со Шаховската федерација на Македонија.
На првото „Европското Првенство во Рапид и Блиц Шах“ кое се оддржува во Македонија, со присуство на 400 шахисти, од 40 европски земји промовирано е партнерството меѓу најдобрата македонска вода „Пелистерка“ и Шаховската федерација на Македонија.
Проектот за имплементирање на „Шах во училиштата“, добива нов партнер односно на брендот „Пелистерка“ и има за цел да се набават што повеќе шаховски табли за секое училиште. Пелистерката шаховски табли за секое училиште е предвидено да започне со реализација во 2025 година со идеја да се промовира изучување на шаховската игра во секое училиште.
Досега преку „Шах во училиште“ се обучени над 100 наставници, а шахот како предмет е веќе имплементиран во педесетина училишта низ Македонија. Во текот на наредната година, преку новото парнерство со „Пелистерка“ ќе бидат донирани шаховски табли низ земјвата со што ќе се овозможи зголемен интензитет на пристап до шаховската игра на поголем број дечиња со што ќе се овозможи подобрување на нивните когнитивни способности.
Исто така, на „Европско првенство во Рапид и Блиц шах“ кое се оддржува во Скопје од 6 до 11 декември, започна и реализација на „Пелистерка предизвикот“ преку кој на „официјална“ партија шах ќе бидат предизвикани голем број јавни личности низ Македонија.
Со особена гордост го презентираме и тимот на „Пелистерка предизвик“ составен од нашите намлади шаховски шампиони: Даниел Стефановски, Павел Крстевски, Андреја Цветановска и Кристијан Јордановски.
Даниел, Павел, Андреја и Кристијан ги предизвикаа велемајсторот од Украина Антон Коробов четирикратниот национален шампион, како и интернационалниот мајстор Ставрула Тсолакиду од Грција најдобро рангиран шахист на нашиот јужен сосед.