Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Пензионерка отишла на банкомат и нашла мултимилионска сума на својата сметка

Жена од Флорида изјавила дека отишла на банкомат и останала во шок кога на сметката видела дека има 8,5 милиони долари.

Пензионерката Дајана Лагуили нашла мултимилионска сума на својата сметка, но нешто веднаш ѝ било сомнително. Кога ја повикала банката, сфатила дека е грешка.

„Таа бајка веднаш излета низ прозорецот“, рече пензионерката за телевизиајта WOFL.

За 12 часа, таа добила телефонска порака дека погрешно платената сума исчезнала од нејзината сметка.

Тоа изненадување, кое не траело долго, ја инспирирало пензионерката да купи резерви за една медицинска сестра во Волмарт. „Ми беше драго поради тоа иако немам 8 милиони долари. Требаше да го видите нејзиното лице“, рече Лагуили.

Пензионерката не е прва што нашла милиони на својата сметка кога подигала пари. Претходно, пожарникар волонтер се обидел да подигне 1.700 американски долари што ги добил како стимулација во Индијана, но на сметката нашол 8 милиони долари.

 

 

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: