Медиасет.мк

#КИНО

6 најгледани шпански серии на кои ќе го потрошите целото слободно време

Во време на коронавирусот, кога сите ги поминуваме деновите дома, вечерите можеме да ги искористиме за добар филм или серија. Погледнете ја листата со 6 нови шпански серии кои целосно ќе го окупираат вашето внимание и ќе ви покажат зошто се на врвот на гледаноста.

La Casa de Papel (Money Heist“)

Станува збор за крими серија на осум разбојници кои земаат заложници и се затвораат во Централната банка на Шпанија, а умот зад целата операција ја манипулира полицијата за да ја изврши неговата намера. Се разбира, приказната станува многу покомплексна, но тоа е осовен заплет од кој започнува се.

Élite (Elite)

Тројца тинејџери од средната работничка класа стануваат дел од престижно, елитно средно училиште во Шпанија. Но, судирот помеѓу нив и богатите соученици води до убиство… кој е виновникот?

 

La casa de las flores (The House of Flowers)

Во оваа мрачна комедија, мајката која е глава на семејството се обидува по секоја цена да ја зачува совршената фасада на нејзиното семејство, откако љубовницата на нејзиниот сопруг ќе започне да ги издава валканите тајни на фамилијата.

 

Vis a vis (Locked up)

Макарена е млада и наивна жена која се вљубува во својот шеф и поради него е обвинета за финансиски криминал и затајување данок. Поради тоа таа е задржана во затворот Круз дел Сур. Во затворот Макарена ќе сфати дека нејзиниот опстанок зависи од прилагодувањето и нејзината способност да се промени и да стане нова личност.

 

La catedral del mar (Cathedral of the Sea)

14 век, Барселона. Млад сиромашен човек се обидува да стекне богатство и слобода, но истовремено го поткопува презирот на благородничката класа и го става својот живот на ризик во рацете на инквизицијата. Серијата е работена според новелата на Илдефонсо Фалконес.

 

Campeones (Champions)

Како дел од неговата општествено одговорна работа, кошаркарски тренер е принуден да тренира играчи со ментални попречености во развојот. Хумористична спортска серија која ќе ве освои со својот комични и сериозни моменти.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: