#ЏЕТ-СЕТ

Пет правила за здраво срце

Објавено на

Кардиоваскуларните болести се причина за 17,5 милиони смртни случаи во светот годишно, а се проценува дека до 2030. година ќе предизвикуваат 23 милиони смртни случаи. Затоа е навистина важно да се работи на превенцијата на овие и слични болести.

За да го зачувате здравјето на срцето, потребно е да следите неколку основни правила за негова нега.

Престанете со пушењето
Застрашувачки е податокот за луѓето кои се зависници од тутун, дека умираат умираат 13-14 години порано од непушачите. Исто така, пушењето ја троплира можноста за појава на срцеви заболувања и го дуплира ризикот од срцев удар, за разлика од  луѓето кои не пушат цигари.

Намалување на телесната тежина
И покрај тоа што ова е многу тешко да се направи, обидете се од секојдневната исхрана да ги исфрлите нездравите масти и јаглехидрати. Тие создаваат вишок на масти во речиси сите делови на телото, што го загрозува физичкиот изглед на лицето, но уште полошо е тоа што дебелината може да предизвика болести на срцето и на крвните садови.

Здрава исхрана
Обидете се да јадете повеќе овошје, зеленчук и житарки, внесувајте здрави масти и протеини, а максимално треба да се избегнат рафинираните шеќери, газираните пијалоци и алкохол, исхрана богата со холестерол, но и сол.

Намалете го стресот
Според најновите статистички показатели, рден од најчестите причинители за инфарктите во светот е стресот, поточно стресот предизвикан од прекумерната и исцрпувачка работа. До сега веќе добро знаете дека треба да си давате одмор одвреме-навреме за да спречите оштетување на срцевиот мускул.

Редуцирајте ја консумацијата на алкохол
Алкохолните пијалаци потребно е да ги консумирате со мерка. Кога зборуваме во контекст за превенција од срцеви заболувања, мажите никако не би смееле да земаат повеќе од две чашки алкохол во текот на денот, а на жените им е дозволена само една чашка.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version