Медиасет

Петрушевски бара истрага: Притисоци и уцени врз Жан Митрев со државни пари

Објавено на

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, оцени дека со секој изминат ден сè појасно излегува на површина, како што рече, „вистинското лице на СДС“ за време на седумгодишното владеење. Според него, актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, може да негира колку што сака, но фактите и сведоштвата, како што тврди, секојдневно го демантираат и укажуваат дека заедно со својот ментор, Зоран Заев, и нивната „дружина“, државниот апарат го ставиле во функција на приватни и клановски интереси.Петрушевски тврди дека користејќи ја институционалната моќ, биле злоупотребувани државните механизми, а врз доктор Жан Митрев биле вршени притисоци и уцени со цел да му се одземе Клиничката болница „Жан Митрев“ по, како што рече, багателна цена. Според него, наместо како министер за здравство да се фокусира на јавното здравство и проблемите на граѓаните, Филипче бил насочен кон преземање приватна здравствена установа.Во таа насока, Петрушевски посочува дека за остварување на оваа цел не биле поштедени ниту државните, односно народните пари. Тој се повикува на јавно достапни податоци според кои, во периодот на владеење на СДС, а особено кога Филипче бил министер, значително се зголемувале буџетските трансфери кон Клиничката болница „Жан Митрев“ од државните институции.Како што наведе, во 2015 година буџетот изнесувал 361,6 милиони денари, односно околу 5,8 милиони евра, а со доаѓањето на СДС на власт трансферите речиси се удвоиле. Во 2020 година, кога Филипче раководел со здравствениот сектор, буџетските средства наменети за болницата достигнале 682 милиони денари, што, според Петрушевски, е износ близу 11 милиони евра.„Бројките се немилосрдни и повеќе од јасни“, изјави Петрушевски, прашувајќи дали ваквите значителни приливи на државни средства биле еден од начините, со пари на граѓаните, да се изврши притисок врз докторот за продажба на болницата по пониска цена.Тој додаде дека, според неговите тврдења, ова не бил единствениот метод што го користеле Филипче и, како што рече, „криминалната дружина на чело со Заев“. Според Петрушевски, на докторот Митрев му биле вршени притисоци, бил уценуван, а му била нудена и помош во судска постапка поврзана со клиничката болница, нешто што, како што посочи, самиот Митрев јавно го потврдил.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека овие наводи покажуваат оти нема област во општеството која СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, според него, не ја заробиле и злоупотребиле, додавајќи дека апетитите кон приватниот здравствен сектор не се нови и дека за нив со години зборува македонската јавност.На крајот, Петрушевски упати повик до Јавното обвинителство, оценувајќи дека не смее да чека и дека мора темелно да ги испита, како што рече, сериозните индиции за изнуда и сторен криминал. „Одговорност мора да има“, порача тој.

Трендинг

Exit mobile version