Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

По 24 години хирургот што се борел за животот на принцезата Дајана, ги откри деталите од кобната ноќ

Медиасет.мк
пред 5 години
dijana-2

Принцезата Дајана, почина пред 24. години во сообраќајна несреќа во Париз Д-р МонСеф Дахман, кој таа вечер ја примил принцезата Дајана во критична состојба, конечно проговори за кобната ноќ. Тој детално ја опиша ноќта кога, по несреќата, беше донесена во Ургентниот центар во Париз. Кога тешко повредената принцеза итно била пренесена во Ургентниот центар, тој бил на смена.

Принцезата од Велс пристигна во Ургентниот центар во критична состојба, бидејќи претрпе срцев удар на местото на несреќата, рече тој за Daily Mail.

-Спиев во просторијата за одмор, кога дежурниот анестезиолог ме разбуди и рече дека имаме итен случај. Не знаевме која е повредената личност, само ни рекоа дека пристигнува жена која имала сообраќајна несреќа. Не го знаевме нејзиниот идентитет. Во критична состојба , рече тој.

Принцезата Дијана беше на носилката, а целиот персонал на Ургентниот центар веднаш ја разбра сериозноста на ситуацијата.

-Итно ќе реагиравме доколку некоја друга млада жена беше на носила и преживееше ваква несреќа, но тука беше принцеза. Еден од практикантите само замолкна во аголот, ја опиша атмосферата што владееше кога сфатија кој е пациентот.

Принцезата веднаш беше испратена на рентген каде беше откриено дека има многу опасно внатрешно крварење. Во тој момент, бидејќи нејзината крвна група сè уште не беше утврдена, таа доби единица нулта крвна група. Околу два часа по полноќ , доживеа уште еден срцев удар, раскажа тој.

Нејзината состојба бараше итна операција, немаше време да се префрли во операционата сала, па беше направена на лице место, а потоа доктор Даман открил дека и е оштетено срцевото ткиво.

-Направив се што можев за да диши, нејзиното срце не работеше правилно затоа што не добиваше доволно крв. Помина половина час и знаевме дека ни треба чудо. Се повика најдобриот француски кардиохирург, тие го разбудија и го крена од кревет да дојде , раскажува тој.

Срцето на принцезата престана да чука непосредно пред да ја оперираат, но таа вештачки се одржуваше во живот. Не можешло да се врати.

-Пробавме масажа на срце, дефибрилатор, и дадовме адреналин. Но, нејзиното срце повторно не почна да чука, рече тој.

И покрај тоа, тимот ги продолжил напорите да ја одржи принцезата во живот уште еден час.

-Се боревме, испробавме сè, кога работите во ваква ситуација, не забележувате дека времето поминува. Болницата Пити-Салпетриер е еден од најдобрите ургентни центри во Франција. Успеавме да спасиме луѓе во многу полошо состојба од таа. Бевме горди. Но, не успеавме да ја спасиме неа, рече тој за Daily Mail.

Наодите на еминентниот британски патолог, д-р Ричард Шепард исто така потврдија дека францускиот медицински персонал сторил сè што е во нивна моќ и дека тие се исклучително професионални. Дека ниту една друга стратегија не би помогнала во ваков случај.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0hsov53quoa0fhMU8KG

(Видео) Громогласен аплауз за Слаткаристика во Оксфорд: „Ве сакам најмногу на цел свет“

Сцена | пред 12 часа

media-library7fijqt39hpvq42XE42i

(Видео) Каролина ги „раздрма” во Гази Баба: општината прослави 50 години постоење

Сцена | пред 15 часа

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 16 часа

profimedia-0558606083-1

Бред Пит повторно во главната улога: Стигнува продолжението на „Светска војна З“

Филм | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања